421
Во два угостителски објекта во Струмица синоќа се затекнати 36 малолетници по полноќ, а во еден од нив на малолетниците им било точено алкохол.
Од страна на Државниот трудов инспекторат било утврдено дека едниот угостителски објект ја нема и потребната документација за вработените.
Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека акциската контрола е спроведена од 21 до пет часот утринава во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Управата за јавни приходи.
За сите прекршувања на законите ќе бидат поднесени соодветни прекршоци.