584
Во автобус со број 56 на Јавното сообраќајно претпријатие вчера настанала тепачка при што повредени биле неколку малолетници.
„На 21.12.2018 година во 22.50 часот малолетник од с. Арнакија пријавил дека околу 19.30 часот додека со другари се возел во автобус на ЈСП бр.56 кој сообраќал на линија од Транспортен центар до с.Бојане, во близина на автобуската постојка во Влае биле физички нападнати од неколку лица од с. Грчец. кои му нанеле телесни повреди. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.