489
Двајца малолетници од Тетово правеле список со имиња на ученици и закани по примерот на српскиот масакр што се случи на 3 мај.
Денеска полициски службеници во присуство на психолог, педагог и родители извршиле службен разговор со едиаесетгодишните малолетници, машко и женско. Полицијата добила пријава дека во тоалет во основното училиште во кое учат, оставиле лист хартија со имиња на ученици и закани.
Известен е Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.