Малолетници нападнале момче во Скопје, го натепале и му го украле телефонот

by Fokus

Малолетно момче било нападнато од неколку врсници во скопската населба Нерези, информираат од МВР.

Насилството се случило вчера на пладне, а случајот во полицијата го пријавила мајката на момчето.

Според пријавеното, насилниците покрај тоа што го нападнале момчето, му го украле и мобилниот телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани новости