Малолетниот напаѓач од БиХ го избркале од училиште поради лошо однесување, се вратил со пиштол

by Fokus

Како што пренесуваат босанските медиуми, поранешниот ученик кој пукал во основното училиште во Лукавац и во таа прилика тешко ранил работник, пред неколку месеци бил избркан од училиштето поради лошо однесување.

„Аваз“ дознава дека утрово дошол во училиштето со пиштол и го побарал вработениот во училиштето, а потоа пукал.

Според официјалните информации, во престрелката нема повредени деца.

Престрелката се случила околу осум часот утринава. Според информациите на „Аваз“, насилникот е уапсен.

Со прострелна рана во пределот на вратот во УЗ Тузла е хоспитализиран ранетиот пациент со иницијали О.Н.

„Пациентот е интубиран, операцијата во моментов е во тек“, велат од болницата.

Поврзани новости