379
Четворица лица се заканувале со нож на вработени во маркет, кој го ограбиле, информираа од МВР.
Според информациите објавени во полицискиот билтен, на 17-ти јуни оваа година разбојништво беше извршено во маркет лоциран на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, при што од тројца негови вработени, под закана со нож, беа одземени 175 илјади денари. Лишени од слобода се четири лица, меѓу кои еден 17-годишен малолетник: Б.З.( 20 ), Р.С.( 19 ), А.Б.( 20 ), сите од Тетово. Во текот на денов против четворицата осомничени ќе следува соодветен поднесок.