8
За трагична вест вечерва јавуваат медиумите од БиХ.
Во градот Босанска Крупа на западот од земјата, како што потврдил портпаролот на тамошната полиција, Аднан Бегановиќ, еден полицаец е убиен, а друг се бори за живот.
Нападот се случил во полициската станица. Убиен е водачот на смена, а уште еден полицаец е тешко ранет.
Бегановиќ потврдил дека нападот го извршил малолетник со ладно оружје, со нож.
Повредениот полицаец е во болница и лекарите се борат за неговиот живот. Малолетникот кој е осомничен за ова кривично дело е уапсен.
Бегановиќ не открил детали како мотивот, за да не го загрози текот на истрагата.
На терен се припадници на Специјалистичката единица, поголем број униформирани полициски службеници, како и инспектори на МУП на УСК.