198
Во Зеленоград, Русија, 17-годишен тинејџер нападнал и избодел до смрт таксист.
Таксистот (34) по нападот бил пренесен во болница, но не можел да се спаси. Полицијата многу бргу потоа го уапсила убиецот.
Се испостави дека станува збор за 17-годишен локален студент кој живеел во куќата во близина каде што бил пронајден таксистот искрварен.
– Според првичните податоци, дошло до конфликт меѓу тинејџерот и возачот, по што младиот човек грабнал нож и со него го прободел човекот – изјавил извор запознаен со овој случај.
Според руската телевизија РЕН, убиството се случило на 18 август.