440
Рано утрово во Гостивар, 15-годишно момче се здобило со тешки повреди при пад од мотор, пренесува МВР.
„На 20.06.2019 година во 02,45 часот било пријавено дека во Гостивар на улицата “Илинденска“ 15-годишно момче од с.Вруток-гостиварско управувајќи мопед “Лонјиа“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднало на коловозот, при што се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар“, додаваат од МВР.