Малолетник со пиштол пукал кон куче, но ранил врсник кој завршил во болница

by fokus

Малолетник на возраст од 16 години со пиштол пукал кон куче, но наместо кучето повредил негов врсник кој завршил во болница.

Инцидентот бил пријавен вчера околу 16 часот, а се случил во скопското село Копаница.

Ранетиот шеснаесетгодишник од село Бојане бил пренесен на Клиничкиот центар, а малолентикот кој пукал бил приведен. Пиштолот бил пронајден и се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините за пукањето.

Поврзани новости