Малолетник со мотоцикл тешко повреден во сообраќајка во Тетовско

by Fokus

Малолетник кој управувал мотоцикл е тешко повреден при судир со „голф“ во Тетовско.

– На 23.09.2024 во 21.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(22) од село Пирок, тетовско и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница во Тетово – соопштија од полицијата.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

Поврзани новости