Малолетник пукал од автомобил во познаник и неговото возило на патот Тетово-Скопје

by Fokus

Денеска (24.05.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје, Н.С.(18) од с.Арнакија, скопско, пријавил дека на 23.05.2024 околу 23.30 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во близина на с.Чајлане, 17-годишник од с. Бојане, скопско, кој бил со патничко возило „фоклсваген пасат“, а со кого претходно имале расправија, пукал кон Н.С. и неговото возило „сеат леон“.

Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани новости