346
Во текот на вчерашниот ден, малолетник од Тетово бил уапсен затоа што на 19 октомври продавал марихуана на малолетници во близина на средно училиште во градот.
„На 23.10.2022 во 11.50 часот во с.Слатино од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода малолетник. Тој се сомничи дека на 19.10.2022, во близина на средно училиште во Тетово, им продал марихуана на тројца малолетници, со што сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, велат од МВР.