58
Малолетник од скопското село Буковиќ денеска бил повреден со остар предмет од страна на друг малолетник во близина на Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Веднаш по инцидентот момчето било пренесено во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“.
„Денеска (6.3.2024) околу 13:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар ‘Гоце Делчев’, во близина на Трговски центар ‘Мавровка’, малолетник од село Буковиќ, Скопско, бил повреден со остар предмет од друг малолетник од село Бојане, Скопско“, соопшти МВР.
Во меѓувреме во полициската станица Бит-пазар се врши службен разговор со осомничениот малолетник во присуство на родител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.