0
Малолетник бил пријавен во полиција во Неготино дека физички нападнал момче, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера во 13.20 часот во Полициска станица Неготино, извршен бил разговор со малолетник, во присуство на родител и адвокат, во врска со пријава од А.П.(19) од Неготино, дека во неговиот дом бил физички нападнат од малолетникот и му се заканувал држејќи метален предмет, соопштија од СВР Велес.
Предметот бил пронајден и одземен, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе бил поднесен соодветен поднесок.
Синоќа пак, во 21.38 часот, во ОВР Кавадарци, Ј.С.(19) од овој град пријавил дека на улица „Наќо Лазовски“, бил каснат од куче сопственост на Ж.Н.