Малолетник прегазен во Арачиново, итно пренесен во болница

by Fokus

Автомобил прегази малолетен пешак во село Арачиново, во Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера вo 18.45 часот на регионален пат Скопје-Куманово, во с.Арачиново, скопско, кога патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(37) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости