581
Вчера попладне во ГОБ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, било донесено момче со повреди од струен удар, информираат од МВР.
„На 22.08.2021 во 12.15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од струен удар бил донесен малолетник од Скопје. Според пријавеното, на ул.„Скупи“ тој се обидел да земе жици од трафостаница. Се работи на расчистување на случајот“, додаваат од МВР.