346
Малолетник од село Иловица Струмичко вчера паднал од мотор додека го возел и се здобил со тешки телесни повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Вчера во 01.30 часот на улица во с ело Штука, струмичко, 14-годишник од с.Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „џилера 125“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица“, соопшти МВР