489
15-годишник од Прилеп е осомничен за кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ затоа што цртал кукасти крстови на јавни објекти.
Според полицијата К.Д. е фатен од полициски службеници на 30-ти јанари годинава како црта кукасти крстови на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941 година – Участакот“ кој е споменик на културата и на уште неколку други објекти.
Против 15-годишникот е поднесено посебно известување.