464
Девојката на 17 годишна возраст со изгореници по грбот и нозете била итно донесена во Ургентниот центар откако било пријавено дека добила струен удар од жиците поставени над вагон од воз, објави Канал5.
Девојката е во свесна состојба и е на одделението КАРИЛ. Девојката била качена на еден од вагоните на железничката станица Маџари каде дошло до струен удар при што се здобилеа со повреди. На местото на настанот пристигнале полициски службеници. Истрагата се уште е во тек, а според нефицијалните информации девојката се качила на вагонот за да снима ТИК ТОК видео.