431
Освен 16-годишната пациентка со церебрална парализа која има пневмонија како компликација од морбили и е на механичка вентилација на Универзитетската клиника за инфективни болести, уште едно дете и пет возрасни со компликации од морбили се во тешка состојба, информираат од оваа јавна здравствена установа.
Во изминатите 24 часа, како што посочуваат од Клиниката, биле прегледани тројца пациенти на возраст од 23, 25 и 38 години од Скопје со клиничка слика на морбили кои не се задржани за болничко лекување. Тројцата пациенти биле вакцинирани.
На Клиниката има 39 пациенти со морбили од кои 16 се деца и 23 возрасни.