444
Вчера попладне, малолетничка од Кочани се здобила со тешки повреди по сообраќајна незгода во градот.
„На 22.03.2022 во 18.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Раде Кратовче“ во Кочани, мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кочани, удрил во паркирано патничко возило „мини морис“, со кочански регистарски ознаки, сопственост на И.И.(36) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот од Кочани, констатирани во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани“, велат од МВР.