43
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австрискиот медиум Клајн Цајтунг, планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа, пренесува РТЦГ.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум, истражителите заплениле секира и нож.
„14-годишното девојче, кое е црногорски државјанин, сега е во притвор“, се наведува во текстот и се додава дека пред неколку дена наполнила 14 години и затоа е кривично одговорна.