Малолетничка од Гостивар пријавила дека била малтретирана од братот и таткото

by vlatko 18:33
18:33

Малолетничка од Гостивар во гостиварската полиција пријавила дека подолг временски период нејзиниот брат А.Н. ја вознемирувал со пораки со недолична содржина, а пред три месеци со употреба на сила врз неа извршил и полово дејствие.

Полицијата информираше дека малолетничката, исто така, пријавила дека и нејзиниот татко В.Н. физички ја малтретирал и ја принудувал да бара пари од нејзината баба.

Малолетничката е предадено под грижа на Центарот за социјални работи Гостивар и во содејство со нив се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични вести