402
Малолетничка од Скопје вчера физички била нападната од друга малолетничка, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти МВР, случајот синоќа бил пријавен во Полициската станица Ѓорче Петров. С.Ј.(51) од Скопје пријавил дека истиот ден, околу 18:05 часот на подрачје на Ѓорче Петров – Скопје неговата малолетна ќерка, по претходно недоразбирање, била физички нападната од друга малолетничка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.