Малолетна девојка осомничена за убиството на 16 -годишното момче пронајдено во реката Пенаа

by fokus

Седумнаесетгодишно девојче е осомничено дека го убила 16-годишното момче кое беше пронајдено во реката Пена.

-Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против едно лице за кои постои сомнение дека сторило кривични дело Убиство од член 123 став 1 од КЗ.

Осомничената 17 годишна девојка со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години, велат од Обвинителството.

Оттаму појаснуваат како дошло до грозоморниот чин.

-По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката, велат од обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор.

Поврзани новости