Малите сувенири од проектот „Скопје 2014“ ќе бидат отстранети

by fokus 15:39
15:39

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, најави денеска дека малите статуетки и илјадниците сувенири изработени според споменици и скулптури од проектот „Скопје 2014“ ќе бидат отстраните од музејските институции и од сувенирниците. Оваа акција, како што рече, тој ќе биде добро обмислена.

Министерот изјави дека елаборатите за спомениците од проектот се предадени до СЈО и до Јавното обвинителство.

-Тие вршат свои истраги, државната ревизија го заврши својот извештај кој е во нацрт фаза. За многу од спомениците надлежна е општината Центар во однос на евентуално нивно остранување, преместување или други работи. Како Министерство нашата надлежност завршува со тоа што ние елаборатите понатаму ги доставуваме до соодветните државни институции. Сега им е оставено на структурите во Министерството, односно и на поранешната министерка да се произнесат по однос на тоа. Ние работите и од аспект на законска и административна процедура ги завршуваме. Во оној момент кога ќе ги завршиме останува да се види понатамошната судбина, односно реализација – додаде Алаѓозовски. 

 

Поврзани новости