Малиот принц Луис за Елизабета Втора: Барем сега баба и дедо се заедно

by Fokus

„Барем сега баба и дедо се заедно“ – вака реагираше 4-годишниот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон откако ја дозна веста за смртта на Елизабета Втора.

Ова го сподели Кејт за време на 40-минутната прошетка околу замокот во Виндзор , на која присуствуваа и принцот Хари и Меган Маркл.

Т.н Фантастичната четворка се обедини за прв пат во јавноста по погребот на нивниот дедо, принцот Филип, во април 2021 година.

Во меѓувреме, Британија се подготвува да ја испрати кралицата Елизабета Втора на последното патување.

Поврзани новости