Малеска Сачмароска: Треба да се инвестира повеќе во развој на дигиталните вештини кај жените

by Fokus

Повик за будење на дигиталната свест, намалување на родовиот јаз во претприемништвото и зајакнување на економската активност на жените упати Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управувањесо промени (ЦУП) на конференцијата „Од марш заработнички права до дигитална економија“.

-Со оваа конференција сакавме симболично да гоодбележиме меѓународниот ден на жената и да јаприкажеме историската борба на жените за своитесоцијални, економски и политички права, од 1857 година кога излегле на марш работничките од текстилната индустрија, па се до денес кога сесоочуваме со еден комплетно изменет амбиент во којшто работат жените и женските бизниси, а тоа е дигиталната ера и дигиталната трансформација на бизнисите, вели Малеска.​

Таа додава дека надминувањето на дигиталниот јаз биможело да ја подобри положбата на жените на пазарот на трудот и нивно полесно адаптирање на жените претприемачки на пазарните услови со цел обезбедувањедолгорочен раст и развој. Оттука, ИКТ-политиките и стратегиите треба да се темелат врз претпоставките зародова дигитална рамноправност, и воедно, да обезбедат обуки за дигитална едукација на жените како приоритетна област за порамноправен пристап на жените на пазарот на труд.

Организирањето на конференцијата под насловот „Од марш за работнички права до дигитална економија“ се должи пред се на потребата да се подигне свеста зазначењето на целокупниот процес на дигитализацијата како клучен фактор за промена и еволуција на женскиот бизнис сектор и негово прилагодување кон дигиталното време во кое живееме, имајќи предвид дека дигиталниот јаз во нашата земја меѓу мажите и жените се повеќе ќе се зголемува. Оваа конференција е повик за будење во корист на активните политики за родова еднаквост и креирање на овозможуачка околина која ќе отвори нови можности за економски развој и зајакнување на жените во Република Северна Македонија во оваа сфера“ потенцираше Малеска Сачмароска.

Искуството на ЦУП покажува дека во рамки на проектите ги спроведуваат за развој на женско претприемништво, женитепретприемачки кои за време на пандемијата успеале со нивна помош да стекнат дигитални вештини и да воведат онлајн практики за промоција и продажба на своите производи/услуги, успеале не само да го одржат својот бизнис но и да обезбедат решенија за нивен понатамошен развој.

Според неа со цел да се намали родовиот јаз во претприемништвото, потребни се владини политики кои ќе обезбедат системска поддршка на жените претприемачки со коина долг рок ќе се решаваат проблемите со кои претприемачките се соочуваат, како на пример полесен пристап до финансии и воспоставување на гарантен фонд за поддршка на женски бизниси.

-Па, така, потребно е да се подигне и свеста на државата која треба да го помогне овој процес, имајќи предвид дека 64% од неактивното население на пазарот на труд се жени а нивното вклучување во економијата би значело побрз, поодржлив економски раст и повисок животен стандард, вели Малеска Сачмароска.

Како што додава дигиталните вештини се неопходни за трансформација на деловните процеси, еволуција на женските бизниси и нивнополесно адаптирање во услови на економска криза предизвикана прво од пандемијата Ковид-19, а сега и од воениот конфликт во Украина.

Искуството од другите земји во светот покажува  дека онаму каде што дигиталните вештини на луѓето во компаниите биле посилни, подобро се справиле со последиците од Ковид кризата и брзо успеале да се адаптираат на овие текови.​

Во РСМ дигиталната писменост на населението изнесува околу 32 проценти, што е под просекот на ЕУ кој изнесува 64отсто, како и под просекот на Обединетото Кралство кој изнесува 72проценти.

Аналогно на ова, една од препораките на конференцијата беше дека треба да се инвестира повеќе во развој на дигиталните вештини кај жените со цел да фатат чекор со овие трендови.

Но, пред се треба да се работи на развој на личните цели на жените кои ја поттикнуваат мотивацијата на успешна кариера. Во таа насока една од говорничките на конференцијата истакна дека мора да бидеме отворени за промени и да работиме на лична трансформација и унапредување на сопствените вештини.

Според Малеска има повеќе причини за високиот процент на невработеност на жените во нашата држава.

Причините за тоа се должат од една страна натрадиционалните вредности, и норми во општеството, од друга страна сфаќањата за улогата на жената во општеството како личност одговорназа грижа за семејството, децата и постарите лица.Што значи дека сеуште не сме го постигналебалансот помеѓу приватниот и семејниот живот. Но, неактивната вклученост на жената на пазарот на труд воедно значи и помал економски раст на земјата и токму затоа треба да се стави посебен акцент на значењето од поголемо учество на жената воформалната економија кој ќе овозможи не само економско јакнење и финансиска независност на жената туку и развој на заедницата и општеството, појаснува таа.

Покровител на конференцијата беше сопругата напретседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевскакоја што исто е покровител на низа настани кои што допрваќе следат и се целосно посветени на афирмација наженското претприемништво.

Во перидоот што следи, ЦУП планира да работи  заеднички на активности кои ќе го промовираат женското претприемништво и самите претприемачки, ќе ги промовираат можностите кои ги нуди државата и ќе се работи на нивни охрабрување да ги искористат овие можности за да започнуваат свои бзиниси или да ги унапредат постоечките бизниси.

 

Поврзани новости