Малер – арамија во Велес: Сакал да краде, па предизвикал експлозија!

by Fokus

Велешанец на возраст од 44 години е лишен од слобода, откако пред четири дена се обидел да изврши тешка кражба, која тргнала непланирано, па завршила со експлозија. Имено, С.М. со намера да украде бакар од трафостаница на ЕВН, се обидел да ги исече каблите, при што се случила експлозијата.

За среќа, крадецот во обид останал неповреден, а поради експлозијата дел од реонот останал без струја со часови, до санирање на дефектот. Од СВР Велес за ,,Фокус” го потврдија настанот.

-На 08.11.2022 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(44) од Велес. Тој се сомничи дека на 05.11.20222 околу 22.40 часот на ул. „8-ми Септември“ во Велес со употреба на алат се обидел да изврши „тешка кражба“ од трафостаница на ЕВН, но не успеал. Притоа, настанала експлозија откако се обидел да исече кабли. Лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава-известија од СВР Велес.

Вики Клинчарова

Поврзани новости