Малчески за „францускиот предлог“: Крај на членството во ЕУ

Според него, владејачките СДСМ и ДУИ правеле крчма без крчмар.

by Фокус

Со „францускиот предлог„ ние не почнуваме преговори за членство во ЕУ, а ниту ваквите „преговори“ некогаш ќе ги завршиме, вели за Фокус универзитетскиот професор Самоил Малчески.

-Треба владата и нејзините протагонисти да прекинат да нè лажат. Предлогот значи дефинитивно крај на македонското членство во Унијата – истакнува Малчески.

Малчески посочува дека не знае што ветувале и на што се сложиле ДУИ и СДСМ кај пријателите од меѓународната заедница, но, според него, очигледно е дека правеле крчма без крчмар.

-Во услови кога 73 проценти од народот се спротивставува на „францускиот предлог“ по катастрофално загубени локални избори и со премиер кој буквално никој не го познаваше до пред 5 месеци, очигледно е дека Владата нема кредибилитет – вели тој.

В.С.

Поврзани новости