Малчески: ВМРО-ДПМНЕ се движи во вистинска насока

Мицкоски стана партиски лидер во период на внатрешни поделби, блокиран имот, нарушен имиџ, вели тој за Фокус.

by Фокус

После усвојувањето на новиот партиски Статут, на претстојниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде усвоена нова Доктрина која треба да биде водилка во делувањето на партијата во следниот период, што, со најавеното кадровско освежување, треба да претставува силен инпут во нејзиниот развоен пат, вели универзитетскиот професор и политички аналиичар Самоил Малчески, во изјава за неделникот Фокус.

-После четири години, и сите перипетии низ кои поминаа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, сега со сигурност можеме да кажеме дека партијата е стабилна и вратена на победнички патеки. Па, оттука очекувам Мицкоски да биде резибран за лидер на ВМРО ДПМНЕ на претстојниот Конгрес – вели Малчески.

Тој додава дека Мицкоски стана лидер на ВМРО-ДПМНЕ во, како што вели, еден многу тежок период за партијата поради внатрешни поделби, блокиран имот и сметки, нарушен домашен и меѓународен имиџ, организирани напади од „хибридниот режим“… Но, според него, внатрепартиската реформа почнала да дава резултати после одредено време.

-Требаше да помине време, но мислам дека конечно ги гледаме резултатите од тој начин на политичко делување. Градоначалниците избрани од редовите на ВМРО ДПМНЕ и се она што тие направија изминатиот период е силен доказ дека партијата се движи во вистинска насока – истакнува Малчески.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

В.С.

Поврзани новости