Малчески: Ништо не им обезбедува мирно владеење на СДСМ и ДУИ

Ако Алтернатива влезе во Владата, тоа ќе значи нејзина политичка смрт на долг рок, вели тој за Фокус.

by Фокус

Легитимно право е на секоја опозиција да се обиде со демократски методи да ја собори власта, особено после поволен резултат на локалните избори, вели универзитетскиот професор и политички аналитичар Самоил Малчески во изјава за неделникот Фокус.

-Во поновата македонска историја, ова е најголем пораз кој опозицијата и го има нанесено на власта. Секако, околностите во кои е остварена таа победа, а тоа се злоупотребата на институциите од страна на СДСМ и ДУИ, злоупотребата на полицијата во партиски цели, изборниот поткут, црната кампања на власта, блокираниот имот и сметки на ВМРО ДПМНЕ, ја прават истата уште поубедлива – вели Малчески.

Според него, СДСМ и ДУИ со политичко насилие во Парламентот, на денот кога требаше да се гласа недоверба на владата, покажале дека им е битна власта. Затоа, тој смета дека СДСМ е најголем губитник во ситуацијата, што, како што истакнува, ќе се види на претстојните парламентарни избори.

-Во најкус можен рок да се формира техничка Влада која би спровела избори, после кои би се формирало стабилно парламентарно мнозинство. Ние веќе пет години сме сведоци дека Парламентот не функционира, а најголем проблем за тоа е кревкото парламентарно мнозинство. Со ваков Парламент, како држава не можеме ефикасно да се справиме со предизвиците кои ни претстојат – вели Малчески.

Доколку Алтернатива влезе во Владата, тој оценува дека тоа ќе и донесе одредени бенифиции на Алтернатива, но на долг рок тоа би значело нејзина, како што вели, политичка смрт.

-Секако, на оваа неспособна власт ништо не може да и обезбеди мирно владеење, особено што благодарение на оваа власт најлошо се справуваме со пандемијата, не само во регионот туку и во Европа. Имаме лоши реформи во секој сектор, инфлација како и зголемени давачки за царина. Исто така не чека и сериозна енергетска криза – посочува Малчески.

Целиот текст за прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

В.С.

Поврзани новости