Фотографија од малата Украинка Вира Маковиј, на чиј грб мајка и Александра и ги напишала основните податоци, го трогнаа светот и го покажаа ужасот на војната во Украина.
Како што појасни на социјалните мрежи, мајката била принудена да ги напише основните податоци на грбот на девојчето, во време додека бегале од Украина, бидејќи стравувала дека можеби на патот кон сигурноста може да и се случи нешто. Затоа сакала доколку некој го пронајде девојчето, да знае кое е, и кому да му се обрати.
-Во случај нешто да ни се случи, некој да ја најде како преживеана или изгубена, поради тоа и го напишав името и телефонски броеви од блиски луѓе. Во тие моменти, дури си помислив и да и ги истетовирам тие податоци – напиша мајката на Инстаграм.
Таа појасни дека поминале долг пат и сега се на безбедно. Стигнале во Франција и се наоѓале кај волонтери кои им понудиле сместување.
Се заблагодари на илјадниците пораки кои ги добила по објавата на фотографијата, на сите луѓе кои се загрижиле за нив и прашувале дали се на сигурно, но и им нуделе помош.
Таа потоа објави фотографија со Вира во розов фустан, кој и го подариле луѓе од Франција.
Вики Клинчарова