Тригодишната Срна си замина од болница, откако со помош на граѓаните, се собраа средствата за лекување.
Мајката Васка Цветаноска-Панова јавно му се заблагодари на докторот Ристо Симеонов.
„Д-р Ристо Симеонов, немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте едно поглавје од приказната на нашата Срна, и тоа успешно! Како родители решивме да не чекаме повеќе и да го олесниме нејзиното лекување. Целосно ви ја доверивме, а вие целосно ѝ се посветивте. Срна имаше класична отворена операција за отстранување на каменот, кој веќе беше тргнал надолу. Каменот голем, но мал за вашата стручност, грижа и топлина. Кога ме свикаа сестрите да одам во соба за будење, вие бевте до неа и ме пречекавте со насмевка. Во истиот момент ми падна камен од душава. Медицинскиот персонал, вие мили тетки и дадички ни бевте ветер во грбот. Толку бевте внимателни и трпеливи кон Срна, но и кон нас како родители. Народе наш, благодарение на сите вас денес си ја носиме дома. Но повторно ќе се вратиме тука, следат контроли и нови испитувања. Среќна сум што имаме каде и има кој…“, порача мајката Цветаноска-Панова на Фејсбук.