Премиерот, Зоран Заев, на денешната заедничка прес конференција со еврокомесарот, Јоханес Хан, одговарајќи на прашање на новинарка од Германија која праша што Македонија може да и понуди на ЕУ, рече дека земјавата може да понуди само позитивна додадена вредност. Тој им се обрати на граѓаните од Германија и од Европа и рече дека безусловната препорака е потврда за успешното излегување од политичката криза.
-Верувам дека преку камерите граѓаните од Германија и цела Европа ќе ја доловат нашта среќа. Среќен сум што успеавме за краток период заедно со граѓаните, опозицијата и сите чинители да направиме таков исечкор и да добиеме кристално чиста препорака. Нашите пријатели од Германија и сите змеји во ЕУ нека знаат дека од малата Република Македонија можат дабијат додадена вредост. Имаме европска култура и сме пријателска земја, можеме да бидеме само позитивна додадена вредност. Ние сме дел од таа Европа и припаѓаме во неа, знаеме дека можеме само позитивни работи да донесеме отколку нешто проблематично, оваа земја е мала но пријателска – рече тој.
Заев додаде дека следно што очекува е датум за почеток на преговори во јуни.