„Мала ќе им биде Македонија за да се сокријат сите кои злоупотребиле народни пари“, вели Мицкоски

by fokus

Сите кои ги злоупотребиле народните пари ќе одговараат пред законот, најави Мицкоски на денешната прес конференција. Тој порача дека нема намера за никаква амнестија за сторен криминал.

„Јас немам намера за никаков компромис со никој кој се огрешил кон законот без оглед на кого се работи. Тие кои злупотребиле народни пари, мала ќе им е Македонија да се сокријат. Октоподот е во слободен пад, а доаѓа иднина во Македонија. Немам намера за никаква амнестија на сторен криминал. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи обновата на Македонија“, рече Мицкоски.

Поврзани новости