654
Одзивот на гласачите на изборите на кои Бугарите гласаат на предвремените парламентарни избори, е многу мал. Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) во 16 тој изнесувал 27,20 отсто, а во 17 часот 29 отсто. Најниска е излезноста во Карџали – 20,61%,а највисока во Смолјан – 33,14%.
На изборите во април во 17 часот одзивот беше 34,6%. Тоа значи дека сега излегле за 6 отсто помалку гласачи во споредба со изборите тогаш. Доколку продолжи трендот, денешните избори може да имаат најмала излезност досега. Ова значи дека гласале помалку од 2 милиони бугарски граѓани и дека за да се постигне излезноста од 4 април годинава, уште 1,3 милиони гласачи треба да гласаат во следните три часа.