Максо е кандидат на режимското ВМРО, рече Заев

by fokus

Режимот се згусна, одат на купче. И за нив е „All in“. Видете во Куманово ВМРО го поддржа Максо. Тони Михајловски и Александар Николоски објавија сојуз со Максо, а тој великодушно се заблагодари за поддршката од режимското ВМРО, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев откако потпртеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски соопшти дека партијата ќе го поддржи независниот кандидат за Куманово и акутелен градоначалник, Максим Димитриевски кој беше исклучен од СДСМ.

-Ништо ние не сме згрешиле во Куманово. Напротив сме го намирисале режимот и затоа Максо не е кандидат на СДСМ, туку е кандидат на режимското ВМРО. Нека биде чиста ситуацијата, сега треба да се излезе и да се гласа, за демократија наспроти режим, рече Заев.

Димитриевски пак претходно соопшти дека тој има само една коалиција, а тоа е коалицијата со граѓаните.

-Срамни се обвинувањата на СДСМ Куманово кои се однесуваат на мојата кандидатура за градоначалник на претстојните локални избори, каде велат дека сум склучил пакт со злото. Како независен кандидат за градоначалник побарав поддршка од сите граѓани. Побарав поддршка од сите политички партии во нашата земја. Очекувам поддршка деновиве да ми даде и мојата политичка партија СДСМ, членовите и симпатизерите од ДОМ, ЛДП, Коалиција на Албанците и Алтернатива, како и сите останати политички субјекти од македонскиот и албанскиот блок, реагираше Димитриевски.

Поврзани новости