54
Народот одлучува за иднината на Македонија, порача кандидатот за претседател, Максим Димитриевски – лидерот на Движењето ЗНАМ– За наша Македонија денеска по гласањето.
„Jас го остварив своето право и гласав. Народот одлучува за иднината на Македонија! Посакувам демократски избори и можност граѓаните самостојно да одлучат!“, рече Димитриевски.
„Народот да се одважи, да излезе, што помасовно и да ја даде поддршката на тој за кој смета дека ја заслужува. А секако јас како кандидат ќе ја почитувам народната волја, на сите граѓани на Македонија. Нека денешниот ден биде празник на демократијата во Македонија и на Балканот“ изјави Димитриевски непосредно по денешното гласање.