Максим Димитриевски кандидат за претседател на ЗНАМ: „Крајно време е да се случи промена на политичката сцена“

by Fokus

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски е кандидат за претседател од редовите на „Движењето ЗНАМ-За Наша Македонија“ соопшти на прес-конференција портпаролот на партијата, Никола Мемов.

Како што рече Мемов, одлуката ја донел Извршниот одбор на ЗНАМ и му ја предложил на Првиот конгрес на партијата.

„На Македонија и е потребeн татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата. На Македонија и е потребна предвидливост, надеж, стабилност, сигурност, правда и иднина. На Македонија е потребен претседател кој ќе го даде максимумот за неа. На Македонија и е потребен Максим Димитриевски. На овие избори граѓаните за прв пат ќе имаат можност да го дадат својот глас за одредена опција, а не како досега да гласаат против. Крајно време да се случи вистинската промена на политичката сцена во Македонија“ рече тој и најави дека од утре започнува постапката за собирање потписи.

Мемов ги повика граѓаните масовно да ја поддржат кандидатурата на Димитриевски со потписи во општинските канцеларии на ДИК.

Поврзани новости