99
„Западот не може да дозволи Русија да победи во Украина и поддршката за Киев мора да продолжи“.
Ова синоќа го изјави францускиот претседател Емануел Макрон за време на божиќната вечера со францускиот воен персонал, кој е стациониран во Јордан.
– Знаете каква е рамнотежата на силите, знаете што не можеме да дозволиме да се случи – не можеме да дозволиме Русија да победи – рече Макрон.
„Каков би бил утрешниот ден за Европа, во спротивно? Ние ќе продолжиме да и помагаме на Украина. Тоа што ние го правиме, иако има своја цена, е одлучувачко за нашата идна безбедност, за нашата улога во Европа и за суверенитетот на Украина“, додаде тој.