За францускиот претседател Емануел Макрон, не е приоритет проширувањето на ЕУ откако вчера изјави дека на ЕУ и требале реформи, бидејќи на ЕУ и сега ѝ било проблем да управува со 27 нации.
Политико пренесува дека Макрон размислува ЕУ да „еволуира кон унија со „повеќе брзини“ додека размислува за интегрирање на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан и вели дека ризично е да се размислува за проширување без реформи“.
„Ризикот е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко да напредува на чувствителни теми со 27 членки. Со 32 или 35 членови, нема да биде полесно“, рече тој на годишниот собир на француските амбасадори во Париз.
Макрон, со ова им стави јасно до знаење на „оптимистите“ од ЕУ, како претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој вчера во Блед пред лидерите на земјите од западниот Балкан рече до 2030 година ЕУ мора да биде подготвена за ново проширување.