Макрон: Во развојот на борбени авиони ќе ни се придружи и Белгија

by Fokus

Белгија ќе се приклучи на француско-германскиот проект за борбени авиони FCAS од новата генерација, изјави вчера францускиот претседател Емануел Макрон.

Според Макрон, Белгија прво ќе биде вклучена како набљудувач во проект вреден неколку милијарди евра во кој партнер е и Шпанија.

Идниот систем за воздушна борба FCAS во минатото беше извор на тензии меѓу Германија и Франција, делумно поради тоа што Дасо и Ербас, компаниите вклучени во развојот на борбениот систем од следната генерација, не можеа да се договорат за распределбата на работата.

Сепак, на крајот на минатата година двете компании постигнаа напредок. Германското Министерство за одбрана соопшти дека соработката ќе ги зајакне европските воени капацитети и ќе обезбеди важно знаење и искуство за германската и европската индустрија. FCAS треба да биде оперативен од 2040 година и да го замени Eurofighter.

Ќе лета заедно со невооружени и вооружени дронови и во тој поглед е повеќе од борбен авион. Вкупните трошоци се проценуваат на стотици милијарди евра. Во проектот се вклучени индустриите на Германија, Франција и сега Шпанија..

Поврзани новости