Макрон: Вакцината да ја направиме светско јавно добро

by Фокус

Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините против Ковид-19 откако идејата ја изнесе неговиот американски колега Џо Бајден.

-Се разбира, треба да ја направиме оваа вакцина светско јавно добро – изјави Макрон на отворањето на првиот голем вакцинодром во Париз.

Сепак, тој истакна дека сега се краткорочно важни донациите и, како што вели, производството во партнерство со сиромашните земји.

-Можете да ја пренесете интелектуалната сопственост на фармацевтите во Африка, но тие немаат платформа за производство на гласник РНК. Ние сакаме да пренесеме технологија и знаење за да направиме платформи во Африка и тоа е клучот – рече Макрон.

Поврзани новости