Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека само украинскиот претседател Володимир Зеленски може да преговара во име на неговата земја, предупредувајќи дека дозволувањето „мир што е капитулација“ би било „лоша вест за сите“, вклучително и за Соединетите држави, објави Фајненшл тајмс.
„Единственото прашање во оваа фаза е дали претседателот Путин е навистина, одржливо и веродостојно подготвен да се согласи на прекин на огнот врз оваа основа. После тоа, на Украинците им останува да преговараат со Русија“, рече Макрон во интервју за весник во Елисејската палата.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Украина ќе биде вклучена во мировните преговори со Русија, иако Киев соопшти дека би било прерано да се разговара со Москва на безбедносна конференција.