775
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера за „Le Parisien“ изјави дека сака да ги изнервира Французите кои не се вакцинирани против Ковид-19 и да го ограничи нивниот пристап до социјалниот живот што е можно повеќе.
-Сакам да ги нервирам невакцинираните. Ќе продолжиме да го правиме тоа, до крај. Тоа е стратегијата, рече Макрон, додека во парламентот продолжи жестоката расправа за нацрт-законот за сертификатите за вакцинација.