Макрон: Русија и се заканува на цела Европа

by fokus

,,Влегуваме во нова ера“, им рече Емануел Макрон на своите сонародници во телевизиско обраќање.

-Ако една земја може да го нападне својот сосед во Европа и да остане неказнетa, никој не може да биде сигурен во ништо. Надвор од Украина, руската закана е реална – таа ги погодува европските земји, порача Макрон.

- Advertisements -

Тој, исто така, вели дека Русија се обидува да се превооружи и ги зголемува трошоците за одбрана.

-Претседателот Путин ги крши нашите граници за да убива противници, да манипулира со изборите, вели Макрон.

Тој спомена и како Русија ги прекршила претходните ветувања и гаранции.

Поврзани новости