Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во дводневна посета на Србија.
На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
За време на посетата се очекува да бидат потпишани голем број билатерални договори, а ќе се разговара и за купување на 12 француски борбени авиони, а Макрон утре ќе го посети и Нови Сад.
Владата на Србија претходно усвои неколку документи – меморандуми за разбирање за соработка и протоколи меѓу Србија и Франција кои се однесуваат на областите на дигиталните технологии, рударството и енергетиката, науката, технолошкиот развој, туризмот, земјоделството.
Макрон ќе се сретне со Вучиќ вечерва по свечениот прием пред Палатата Србија, по што ќе бидат разменети потпишаните билатерални документи.
Ова е втора посета на претседателот Макрон на Србија.
Својата посета на Белград Вучиќ ја најави за време на нивната последна средба, на отворањето на Олимписките игри во Париз.