Макрон презадоволен од разговорот со Трамп

by fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска соопшти дека имал одличен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за дигиталните такси, со порака дека двете земји ќе работат на избегнување „ескалација на даноците“.

– Ќе работиме заедно на добар договор за да избегнеме ескалација на даноците, напиша Макрон на Твитер.

Во јули, Париз одлучи да воведе такси од три проценти на приходите од дигитални услуги, генерирани од компании со приходи поголеми од 25 милиони евра во Франција и 750 милиони евра ширум светот.

Вашингтон се закани дека ќе наметне даноци на француските производи како контрамерка.

Поврзани новости